(Видео) Мајкл Рот се повлекува од политиката: „Решен сум и бескрајно благодарен“

by Fokus

Претседателот на Комисијата за надворешна политика на Бундестагот, Михаел Рот денеска соопшти дека по 27 години се повлекува од политиката.

Рот на социјалната мрежа „Х“ објави дека е решен да го стори тоа и е благодарен на своите гласачи.

„После 27 години и многу големи задачи во Бундестагот, сојузната влада и СПД, за мене политиката ќе биде завршена по следните сојузни избори. Луѓето во мојата изборна единица директно ме избраа во парламентот седум пати. Решен сум и бескрајно сум благодарен“, изјави Рот.

Поврзани новости