59
Претседателот на Комисијата за надворешна политика на Бундестагот, Михаел Рот денеска соопшти дека по 27 години се повлекува од политиката.
Рот на социјалната мрежа „Х“ објави дека е решен да го стори тоа и е благодарен на своите гласачи.
„После 27 години и многу големи задачи во Бундестагот, сојузната влада и СПД, за мене политиката ќе биде завршена по следните сојузни избори. Луѓето во мојата изборна единица директно ме избраа во парламентот седум пати. Решен сум и бескрајно сум благодарен“, изјави Рот.