(ВИДЕО) Мајката на Алексеј Навални: Путин, дозволи ми да го видам мојот син, да биде погребан на човечки начин!

by Fokus

Људмила Навални, мајката на Алексеј Навални апелираше до Владимир Путин веднаш да го предаде телото на нејзиниот син Алексеј, откако властите и рекоа дека нема да може да го види најмалку 14 дена.

Људмила, која се бори да го земе телото на нејзиниот син, по пет дена по смртта на нејзиниот син објави видео порала: „Апелирам до тебе Владимир Путин, решението на проблемот зависи само од тебе. Дозволете ми конечно да го видам мојот син. Барам телото на Алексеј веднаш да биде пуштено, за да биде погребан на човечки начин“.

Западот и поддржувачите на Навални тврдат дека Путин е одговорен за смртта на рускиот опозиционер, а Кремљ негираше вмешаност и рече дека западните тврдења дека Путин е одговорен се неприфатливи.

Путин јавно не ја коментираше смртта на Навални, но тоа дополнително го продлабочи јазот во односите меѓу Москва и Западот предизвикан од речиси двегодишната војна во Украина.

Поврзани новости