Две жени се извлечени од под урнатините во јужниот турски град Кахраманмараш, а мајка и две деца се спасени во градот Антакија во текот на вчерашниот ден, додека спасувачките напори од потрага по преживеани под урнатините се позасилено се фокусираат на помошта за настраданите без покрив над главата.
Турските медиуми објавија снимки на кои можеше да се види како спасувачите ракоплескаат и се прегрнуваат додека брзата помош однесе 74-годишна жена извлечена од под урнатините во Кахраманмараш, а претходно во текот на денот, 46-годишна жена беше спасена во истиот град, кој се наоѓа во близина на епицентарите на катастрофалните земјотреси.
Madenci varsa umut her zaman vardır…
Anne ve iki çocuğu 228 saat sonra kahramanlarımız tarafından kurtarıldı.#madeniscisi #deprem #hatay #kahramanmaras #sondakika pic.twitter.com/Y4teOEcZ69— GENEL MADEN İŞÇİLERİ SENDİKASI (GMİS) (@genelmaden_is) February 15, 2023
Подоцна, една жена по име Ела и нејзините деца Мејсам и Али беа извлечени од под урнатините на станбен блок во Антакија, 228 часа по земјотресот, соопшти државната новинска агенција Анадолу.
Спасувачите ги предале децата и жената на екипа на брза помош која им пружила прва помош, а потоа ги однела во болница. Брзата помош беше испратена со аплауз, а насобраните спасувачи се прегрнуваа и си честитаа.
Меѓу приказните за извлекувањата од урнатините во Турција, внимание привлекува и онаа за белата мачка која спасувачите по неколку дена ја извлекоа жива. Откако беше спасена, мачката е постојано со спасувачите и не се одделува од нив.
The cat saved by search and rescue teams in Turkey won’t leave their side 🥰 pic.twitter.com/qvC7kHIHD4
— Soulseeds (@Soulseedzforall) February 15, 2023