Поранешниот боксерски шампион во тешка категорија, Мајк Тајсон, во авион нападна патник кој го вознемирувал.
На видеото што се појави на социјалните мрежи се гледа како Тајсон удира човек на седиштето зад него откако претходно бил вознемируван од истиот патник.
Инцидентот се случил пред летот од Сан Франциско до Флорида.
„ТМЗ“ објави дека патникот бил во алкохолизирана состојба, додека Тајсон по инцидентот веднаш се симнал од авионот.
Mike Tyson laid hands on man annoying him on a plane 👊 pic.twitter.com/6u94mAwDvv
— My Mixtapez (@mymixtapez) April 21, 2022
Пензионираниот боксер најпрво ја исполнил желбата на момчето за заедничка фотографија кое седело зад него, но и покрај инсистирањето на „пијаниот“ патник не сакал потоа да разговара со него.
Тој продолжил со инсистирањето обраќајќи се до Тајсон се додека легендарниот боксер не му рекол да престане.
Тајсон насилен станал откако овој истурил боца со вода врз него, наведуваат од тимот на Тајсон, притоа додавајќи дека пијаниот патник бил и агресивен.