676
Поп-кралицата Мадона станува сè поактивна на „Тик-ток“, каде што ја следат повеќе од три милиони луѓе.
Меѓу видеата што неодамна ги сподели за своите следачи има и едно без шминка.
По интензивните критики и негативни коментари за филтрите што ги користи на социјалните мрежи и кои целосно ѝ го менуваат изгледот, Мадона реши на фановите да им го покаже своето лице без шминка и апликации за разубавување.
Видеото има 14,8 милиони прегледи во три дена.
„О, боже мој. Зошто го направи тоа? Не знам“, вели Мадона во видеозаписот алудирајќи на своето лице.
Видеото собра над 11.000 коментари.
@madonna