46
Претседателот на Белорусија, Александар Лукашенко, тестираше нова секира, домашно производство, пренесува агенцијата Белта.
– Секирата е добра, но може и подобро – заклучи шефот на државата откако цепеше дрва.
Инаку, познато е дека претседателот на Белорусија сака и знае да цепе дрва. Неодамна, тој не можеше да го сокрие своето разочарување од фактот дека, како што се испостави, нема пристојна домашна опрема за оваа работа.
Затоа, Александар Лукашенко, земајќи ја административната „секира“, побарал индустријата да ги прави основните алатки на дрвосечачите, пренесува Спутник.
Погледнете го следното видео за да видите како изгледаше сето тоа: