Откако 16-те финалисти уште еднаш се претставија пред публиката, Србија го доби својот претставник за Евровизија 2023 година.
По повеќето земји кои избраа свои претставници за Евровизија, која годинава ќе се одржи во Ливерпул, на ред дојде и Србија!
Во првата и втората полуфинална вечер пред публиката се претставија вкупно 32 натпреварувачи, а во финалето се пласираа 16.
Синоќа уште еднаш ги изведоа своите броеви, а местото претставник на Србија го доби Лук Блек со песната „Само ми се спава“!
Нему му припаднаа огромниот број гласови и полека ќе почне да се подготвува за големиот настап на сцената на најпрестижното музичко натпреварување кое започнува на 9 мај во Ливерпул.
Гласањето беше тензично и многу турбулентно.
Гласовите беа во сооднос 50 – 50 отсто, од публиката и стручното жири.
Вака изгледаше победничкиот настап: