Луѓе се собраа пред Белата куќа со надеж дека со мирни демонстрации ќе го убедат претседателот Џо Бајден да се повлече од кандидатурата.
Движењето наречено Pass the Torch тврди дека тие се тајно поддржани од политички лидери како што се поранешната претседателка на Домот, Ненси Пелоси и лидерот на мнозинството во Сенатот, Чак Шумер.
Manifesting coconuts outside the WH pic.twitter.com/wvyw9QihRe
— David Weigel (@daveweigel) July 20, 2024
Освен тоа, истата група вчера платила телевизиска реклама во една од омилените емисии на Бајден за да го убеди да ја прекине претседателската кампања.
Бајден наводно прашал дали потпретседателката Камала Харис, која се смета за фаворит да го замени доколку се повлече, би можела да го победи Трамп во ноември, објави Њујорк тајмс.