284
Полицискиот хеликоптер исфрли над 25 тони вода во гасење на пожарот во близина на село Долгоец, соопшти Министерството за внатрешни работи, Според МВР локализирани се краците од пожарот.
– Денеска (15.09.2023) Одделот за воздухопловни единици на МВР по добиено барање од Центарот за управување со кризи за гасење на пожар кај селото Долгаец, општина Долнени, го упати хеликоптерот Бел-412ЕП и во координирано постапување со пожарникарите од Територијалната противпожарна единица, локализирани се краците од пожарот во близина на селото. Но, во другите делови пожарот е се уште активен и се преземаат мерки за негово локализирање. Хеликоптерот Бел-412 ЕП до сега врз пожарот исфрли над 25 тони вода, соопшти МВР.