Министерот за правда во заминување, Кренар Лога на денешната прес-конференција апелираше до новата Влада да не ги распушта Судскиот совет и Советот на обвинители, бидејќи, како што рече, тоа ќе значи загрозување на судската независност, а казната ќе треба да ја плати државата.
Со одлука од судот во Стразбур донесена против Полска, Лога даде пример за загрозувањето на судската независност.
„Денеска имав можност да споделам со новинарите две битни пресуди од домашна институција, како и од Европскиот суд за човекови права. И во првиот и во вториот предмет се докажува дека не може да се направи прекин на мандат на институција која е загарантирана со право од Уставот, рече Лога.
За критиките од Мицкоски дека наместо да работи за граѓаните и да ја зголеми довербата во судската власт, плодна почва за кадрите од правосудството барал во Зајас, Лога вели дека се смеел кога ги слушнал.
„Кога ја прочитавме изјавата на господинот Мицкоски, сите се насмеавме кај мене во кабинет бидејки сите тие луѓе што се апострофирани од мандатарот се луѓе кои се вработени во времето на ВМРО ДПМНЕ.