717
Додека во судот се читаше пресудата за кумановските настани, надвор пред очите на дел од новинарите и фоторепортерите беше застанато сомнително лице, кое во еден момент го опколија 20 полицајци.
Од МВР за „Фокус“ потврдуваат дека полицијата привела едно сомнително лице, кое е одведено на распит во полициската станица „Беко“, а во текот на денот се очекуваат детали што откриле во неговата патна торба.
Неофицијално од МВР за А1он велат дека се работи за лицето Ибруш Ибраими кој околу половината бил нареден со некаков вид на експлозив со што и се заканувал на полицијата. Педесет и седумгодишниот Ибраими е приведен од страна на припадниците на МВР. Надлежното министерство наскоро ќе излезе со официјални информации од овој случај.