87
Животот на словачкиот премиер Роберт Фицо е во опасност, соопшти канцеларијата на словачката влада. Претходно словачките медиуми објавија дека неговиот живот во моментов не е во опасност.
Фицо беше застрелан по состанокот на владата во Хандлова, околу 150 километри североисточно од Братислава. Атентатот се случил кога Фицо отишол меѓу насобраниот народ.
Според информациите, премиерот на Словачка бил застрелан со неколку истрели во градите и стомакот. Тој итно бил пренесен во болница со хеликоптер и, според словачките медиуми, неговата состојба е многу сериозна. Словачката влада објави дека животот на Фицо е во опасност.
Напаѓачот е уапсен на лице место и се вели дека е 71-годишен маж.