(ВИДЕО) Лефков: Ставот на Филипче дека никогаш нема да се откаже од Заев покажува дека тој е само негов потрчко

by Fokus

„Ставот на Филипче дека никогаш нема да се откаже од Заев, покажува дека тој е само негов потрчко на чело на СДС. Филипче со поддршката и лојалноста кон Заев, покажува дека не се откажува од предавствата, аферите и криминалот. Филипче со неоткажувањето од Заев, не се откажа од предавствата кои тој ги направи со Бугарија, ниту од неговите ставови за Делчев, Илинденското востание и Македонија“ рече денеска на прес-конференција пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Миле Лефков.

Според него, „со неоткажувањето од Заев, Филипче не се откажа и од криминалите кои тој ги правел, од тендерите во РЕК Битола, ЕСМ“.

„Филипче не се откажа од издавањето на над 200 пасоши на белосветски криминалци. Филипче не се откажува од Заев, а со тоа не се откажува и од рекетот и криминалот врз фирмите кои ги избираа и кои се негово секојдневие. Филипче не се откажува од Заев, затоа што и тој сака да биде како Заев. Со Филипче нема ништо ново во СДС, повторно Заев е главен“ вели Лефков.

Поврзани новости