(Видео) Лефков: СДС и Филипче решиле да тонат и да останат заложници на Груби

by Fokus

Филипче не само што не смее да се оттргне од Заев, туку не смее ниту од Груби, тие се негови заложници и не смеат да се извинат, изјави пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Миле Лефков.

„Очигледно е дека залудни се апелите на ВМРО-ДПМНЕ до СДС да се оттргнат од Артан Груби и да се извинат за криминалот кој го правел, а тие му го овозможиле. СДС месец дена молчи, и избра да го штити Груби, да молчи за неговите криминали и да не се извини за ништо од тоа што го правел. СДС и Филипче решиле да тонат и да останат заложници на Груби.

Со години СДС беа заложници на Груби во власта, за да останат да владеат дозволија да краде, сега се заложници на Груби и од опозиција.

Дали до толку е голем стравот на СДС од Груби или зависноста од него се префрла на други полиња не знаеме, но едно е јасно Венко Филипче и СДС решија да го штитат Груби и да не се извинат за него и неговите криминали.

СДС не може да излезе од деструктивната матрица, заради која ја заглавија државата, ја уништија и испокрадоа. СДС со Венко Филипче останува истото што беше со Зоран Заев и Димитар Ковачевски, ништо не смениле“ рече Лефков.

Поврзани новости