„СДС е причина за корумпираните судии и обвинители, потребни се коренити промени. СДС го уништи правосудството. 2% доверба на народот во судиите и обвинителите е резултат на притисокот на СДС врз овие институции и односот додека беа на власт. СДС го наполни правосудниот систем со свои послушници“ рече денеска на прес-конференција пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Миле Лефков.
Според него, „Доволно е да се погледне примерот со поранешниот Врховен судија Наќе Георгиев и заменик претседателот на Совет на јавни обвинители Иџет Мемети за да се сфати колку е корумпиран тој систем од СДС“.
„СДС се бори за корумпираните судии и обвинители затоа што тие го спасија Венко Филипче да не одговара за изгорената модуларна болница во Тетово. СДС се бори за корумпираните судии и обвинители, бидејќи тие ги опструираат случаите за криминал на нивни функционери. СДС сега го брани тој систем и се става во одбрана на судиите и обвинителите, затоа што истите им се гаранција дека ќе можат да бегаат од правдата“ рече Лефков.