Откако владата на СДС и Пендаровски ги потпишаа Преспанскиот договор и Договорот за добрососедство со Бугарија, тврдеа дека само што не сме влегле во ЕУ, изјави пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Миле Лефков.
„Стево Пендаровски ги убедуваше граѓаните дека тој и владата на СДС ги затвориле сите отворени прашања со соседите, и дека сега никој не не опструира, напротив ни помагале и Грција и Бугарија.
Да го погледнеме видеото.
Пендаровски потенцираше дека нема ниту едно отворен крупно прашање. Неколку години подоцна Македонија е подалеку од ЕУ од кога било порано, а односите со Бугарија се полоши од времето за кое Пендаровски и СДС тврдеа дека биле лоши“ рече Лефков.
Тој обвини дека наместо напредок и отворање на преговорите со ЕУ, имаме нови барања и диктати.
„Наместо соработка на рамноправна основа, имаме асиметрични односи, во кои Македонија е страната која само дава, а ништо не добива.
Политиката на веднење кичма на Пендаровски и СДС ја донесе Македонија во понижувачка позиција. Со право народот вели дека немаме држава, време е да ја вратиме“ порача Лефков.