(Видео)Лефков:Пендаровски лажеше кога викаше “Нема правда, нема мир”, за на крај да ја урниса правдата и да кумува на криминалот на СДС

by Fokus

Стево Пендаровски дојде на власт на бранот “Нема правда, нема мир”, го промовираше СЈО како институција која ќе ја донесе правдата и излажа, изјави портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Миле Лефков.

„Ниту правда, ниту мир имаше со Пендаровски 5 години. Ниту пак СЈО значеше правда, напротив неправда и криминал. Откако излажа се што можеше да се излаже, на крај Стево Пендаровски си го покажа вистинското лице, а тоа е дека “Нема правда, нема мир” беше манипулација, за да дојде СДС на власт, а СЈО алатка за прогон.

Да го погледнеме видеото како Пендаровски ја лажеше јавноста.

На крај Пендаровски не само што призна дека се што ветувал било лага, туку и ги потпиша измените во КЗ за застарување на голем број кривични дела, аболирајќи луѓе од власта, но и сите оние кои сега додека е СДС на власт испумпаа милиони.

Пендаровски ја урниса правдата, и кумува на криминалот. Со право народот вели дека немаме држава, време е да ја вратиме“ порача Лефков.

Поврзани новости