„Груби на црната листа е доказ дека борбата на ДУИ е само за моќ врз институциите да работат за нивно богатење. Артан Груби земал мито за да влијае на судски процес. Артан Груби влијаел врз судски процес и затоа земал пари, тоа го кажува објаснувањето на Американскиот Стејт департмент за неговото ставањето на црната листа. Борбата на Груби и на ДУИ за власт е борба за контрола на судството“ рече денеска на прес-конференција пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Миле Лефков.
Според него, „Груби ја користел позицијата на вицепремиер и висок функционер на ДУИ за да се богати од мито и корупција. Груби не е сам, таквото делување е систем на работа на ДУИ и СДС“.
„И двете партии кога се борат за власт всушност се борат за да можат преку криминални активности да ги полнат своите џебови со милиони. Кога СДС и ДУИ зборуваат за демократија, за Европа, за зелени агенди, всушност само бараат нова маска да го замаскираат криминалното работење. И СДС и ДУИ се разоткриени. Одговорност мора да има. ЈО да почне да работи, поголем доказ дека Артан Груби е криминалец од црната листа на САД нема“ вели Лефков.