Поранешната министерка за култура, а сега пратеничка од СДСМ, Бисера Костадиновска – Стојчевска со службена картичка купила авионски карти за Дубаи, кои потоа пропаднале, обвини денеска пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Миле Лефков.
– На 5.2.2022 година Антоанета со својата службена картичка со народни пари купува 3 авионски карти за Дубаи во износ од 173.499 илјади денари. Кога требала да замине на пат, таа не заминала. До последен момент не ги откажувала картите и парите пропаднале. Потоа ваквите фактури ги носела во Министерството за култура со цел да го оправда трошењето како репрезентации и патни трошоци.
Нејасно е ниту што точно требала Бисера Антоанета да прави во Дубаи? И кои се последиците од непосетата? Или пак станува збор за желба за приватно шетање на државен трошок? 3.000 евра се пари со кои граѓаните живеат речиси цела година, а Антоанета ги трошела како да се пет денари. Утре продолжуваме со нови детали и нови патувања платени, а потоа не реализирани и откажани без образложение, рече Лефков.