ВИДЕО Лазаревски сам на доделувањето на наградите за свиркачи, Костовски се уште се држи далеку од јавноста

by fokus

Свиркачите Звонко Костовски и Ѓорѓи Лазаревски беа номинирани за наградата за слобода на говорот. Костовски и овојпат остана далеку од очите на јавноста и одлучи да не се појави на доделувањето, присутен беше само Ѓорѓи Лазаревски.

Како вработени во Управата за безбедност и контраразузнавање, тие три години работеле со цел да го документираат нелегалното прислушување на над 20.000 граѓани. Разговорите подоцна станаа докази на Специјалното јавно обвинителство за обвиненија на 94 лица и седум компании.

Ѓорѓи Лазаревски помина 11 месеци во затвор за случајот „Пуч“ кој се однесуваше на „бомбите“ кои премиерот Зоран Заев ги објавуваше како тогашен лидер на опозицијата, случај кој Специјалната јавна обвинителка Катица Јанева го затвори со образложение дека преку „Тврдина-Таргет“ се открива кој го направил масовното прислушување.

Додека говореше Стефани Гибауд, свиркач од Франција, која се расплака велејќи дека е среќна што е жива, можеа да се забележат солзи во очите и на Лазаревски.

„Наградата на слободата на говорот“ е годишно признание кое се доделува од страна на Коалицијата за заштита на свиркачите во Југоисточна Европа и Европскиот центар за заштита на правата на свиркачите.

Поврзани новости