(ВИДЕО) Лавров со пцовка до новинарот одби да одговори на прашање за смртта на Пригожин

by Fokus

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров, кој присуствува на самитот на БРИКС во Јоханесбург, Јужна Африка, одби да ја коментира смртта на Евгениј Пригожин, шефот на платеничката група на Вагнер и поттикнувач на неуспешниот бунт во Русија на крајот на јуни годинава.

На прашањето на дописникот на Current Time за соработка со Пригожин, Лавров го избегна новинарското прашање со пцовки:

„Од каде, е**те, дојде ти“, рече Лавров на новинарско прашање каква е неговата соработка со Пригожин.

За потсетување, вчера авионот во кој бил Пригожин се урна во близина на рускиот град Твер. Сите десет лица кои биле во авионот загинале.

Поврзани новости