(Видео) Лајен до Вучиќ:„Ве сакаме во ЕУ, но Србија мора прво да ја заврши својата домашна работа“

by Fokus

Руската војна во Украина доведе до длабока геополитичка промена, а Европската Унија на врвот на својата агенда, ја има темата за проширувањето, рече претседателката на ЕК, Урсула фон дер Лајен за време на денешната посета на Белград.

Таа му рече на српскиот претседател Александар Вучиќ дека Србија мора претходно да ја заврши својата домашна задача, односно дека мора да започне со имплементација на актуелните договори од дијалогот со Косово и да не се губи време со тоа.

„Руската војна во Украина доведе до длабока геополитичка промена. А со турбуленциите што ги гледаме денес, исто така, факт е дека Европската Унија, како што реков на врвот на својата агенда, ја има темата за проширувањето. Мораме да се подготвиме за проширување, а земјите-членки, кои се земји кандидати, треба да се подготват и земјите кои се земји кандидати за проширување. Затоа сега има поместување, моментум, кој треба да го искористиме, бидејќи покажува многу позитивен став кон тоа како можеме да го оствариме тоа, да имаме проширување на земјите кои се во пристапниот процес? Значи, мојата порака е во основа двојна, ајде да ја завршиме домашната задача, ве молиме направете ја вашата домашна задача и ајде да се подготвиме и да го искористиме моментот за навистина да направиме значителен чекор напред во процесот на проширувањето, рече претседателката на Европската комисија.

Поврзани новости