Портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска, на денешната прес-конференција објави скандал со непотизам во Охрид.
Како што рече, се работи за цела една испреплетена шема на ВМРО-ДПМНЕ и градоначалникот Кирил Пецаков.
„Градоначалникот од ДПМНЕ, близок на Христијан Мицкоски стокмил роднини, пријатели, фамилијарни и блиски челнови на ДПМНЕ во Охрид. Да почнеме по ред. Ова е шемата на непотизмот на Пецаков и ДПМНЕ во Охрид:
1.Кумот на градоначалникот Пецаков, Сашо Донев е претседател на општинскиот комитет на ДПМНЕ во Охрид.
-Сестрата на неговата сопруга, Билјана е вработена во општинскиот училишен центар Св Наум Охридски.
2.Александар Китески е близок на Пецаков и ДПМНЕ и моментално е Секретар на Општина Охрид.
-Неговата сопруга, Елена Китеска е вработена во Основното училиште Кочо Рацин во Скопје.
3.И сестрата на сопругата на Китески, Кристина е исто така вработена во институција под надлежност на општината, односно во ЈП Охридски комуналец.
-Роднина на Китески, Ристе пак е правен застапник на истото претпријатие ЈП Охридски комуналец и претседател на ГРК Охрид А.Д.
-Додека кумашинката на Китески, Ана Србиновска е вработена во Општина Охрид – кумашинот Андоновски е директор на Јавното претпријатие Билјанини Извори.
Долга е листата на непотизмот на ДПМНЕ и Кирил Пецаков во Охрид.
Директор на јавното претпријатие Охридски комуналец, Сашо Најдовски е исто така пријател на Пецаков.
-Кумашинката Оливера е вработена во истото јавно претпријатие, ЈП Охридски комуналец.
4.И баџанакот Душко Шајноски е исто така вработен во ЈП Охридски комуналец и на раководна позиција. Илија Арнаудоски е поранешен претседател на Месниот комитет на ДПМНЕ во Велгошти и вработен во Капетанијата.
-Неговата пруга, Ангела е вработена во општина Охрид под капата на Пецаков.
5.Секретар на Општинскиот комитет на ДПМНЕ е Коста Арнаудов. Неговата сопруга е вработена во Јавното претпријатие Водовод.
Раководителот за Урбанизам ја унапреди својата сопруга Катерина во раководител на правна служба во Општина Охрид. Вујкото на Кирил Пецаков, градоначалникот на Охрид, пак е вработен во ЈП Нискоградба, исто така в Охрид“ рече Кузеска.
Според неа, ништо не се променило кај опозициската партија.
„Видовме и во Скопје, непотизмот, партиските и фамилијарни вработувања на грбот на граѓаните се нивна одлика. Глас за ДПМНЕ е глас за враќање назад, кој значи вдомување партиски кадри, роднини и пријатели на избраните функционери на оваа партија“, порача Кузеска.