Оваа година е година на одлука. Одлука за европски напредок со СДСМ или изолација со ДПМНЕ, изјави портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска.
Според Кузеска, нема трето, нема нешто помеѓу.
„Пред 4 години граѓаните донесоа одлука. Резултатите од таа одлука ги гледаме денеска. За само неколку години со СДСМ државата направи историски изчекори, прво со членството во НАТО а потоа и со почетокот на преговорите со ЕУ после 17 години чекање.
Демократијата повторно живее во нашата земја. Не се шепоти како порано, туку гласно се говори. Се дебатира за сѐ, нема забранети теми, нема забранети емисии нема последици за поинаквото мислење. Заробената држава е минато.
Платите и пензиите имаат историски најголем раст, трудот на работниците се вреднува и се почитува, инвестициите се најголеми а парите се враќаат назад кај грѓаните“ нагласи Кузеска.
Таа додаде дека Владата се справила со последиците од сите глобални кризи, како и дека над 2,6 милијарди евра се вратени назад кај народот.
Изборот, како што вели таа е сигурна европска иднина, подобар животен стандард и европски вредности со СДСМ. Или враќање назад во минатото, изолација и неизвесност со ДПМНЕ и Левица, порача портпаролката на СДСМ.