(ВИДЕО) Кузеска: Нема одговор како пет тони дрога вредни 40 милиони евра поминале граница

by irena 12:45
12:45

„Единаесет дена јавноста чека одговор. Единаесет дена власта молчи. Како пет тони дрога, по некои процени вредни речиси 40 милиони евра, ја поминале македонската граница и завршиле во Србија? Кој ќе одговара? Молкот не е случајност. Молкот е индикатор дека овој скандал води кон врвот на власта и дека некој се обидува да го заташка овој огромен нарко-скандал“ – се наведува на денешната прес-конференција на портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска.

Таа вели „наместо одговори, гледаме дефокус на власта, прават медиумска магла за да побегнат од клучното прашање. А македонскиот Мадуро, Мицкоски лицитира по медиумите, 25 тони, 40 тони, сега најавува 100 тони“.

„Дали сите фирми се нелегални? Тоа ли го порачува Мицкоски?! Ако е така зошто не била навреме направена контрола, зошто власта дозволила нелегално да се произведува и да се складира? Не се кажува дали државата ги субвенционирала? Што ќе се случи ако компаниите побараат отштета? Колку ќе чини оваа медиумска пропаганда која на крај ќе ја платат граѓаните. Во меѓувреме, медиумите во Србија објавуваат нови информации што отвораат сериозни сомнежи. Според овие медиуми уапсениот функционер на СНС, сестринска партија на ВМРО, поврзан со заплената во Крушевац, бил близок со српскиот министер за одбрана Братислав Гашиќ“ рече Кузеска.

Вели „Доколку ова се потврди, се отвораат нови сомнежи за можна поврзаноста и на други функционери во ВМРО“.

„Прашуваме: Каква е улогата директорот на СОЗР и ново назначен организациски секретар на ВМРО? Ова не е прашање на политика, туку на владеење на правото“ рече таа.

Слични вести