„Молете се за моето бебе“ – напиша мајката на Маја (12) која се бори за живот по масакрот во Канада

by irena 12:31
12:31

„Денот започна како и секој друг ден. Сепак, сега, мојата дванаесетгодишна ќерка се бори за живот…“.

Со овие зборови започнува трогателниот пост на мајката на малата Маја (12), која беше ранета во главата во пукотница во училиште во Тамблер Риџ, Канада, во кое беа убиени 7 луѓе.

Нападот се случи во вторникот, во 13:30 часот по локално време, кога напаѓачот влегол во училиштето и почнал да пука.

По пристигнувањето на патролите, во училиштето биле пронајдени шест безживотни тела, а едно лице починало на пат кон болницата.

Властите изјавија дека уште две тела биле пронајдени во една куќа, што е поврзано со злосторството, и дека лицето осомничено за нападот било пронајдено без знаци на живот.

Тие не го открија идентитетот на жртвите, како и на напаѓачот.

Во пукотницата беа ранети повеќе од 25 лица, од кои двајца се во сериозна состојба, вклучувајќи ја и малата Маја, која беше итно префрлена во болница во Ванкувер.

Според трогателната објава на нејзината мајка Сиа, Маја се здобила со прострелна рана во главата и вратот.

„Претпоставувам дека имала среќа. Сочувство до другите семејства за време на оваа трагедија. Ова дури и не изгледа реално. Никогаш не помислив дека ќе побарам молитви… Но, ве молам, ве молам, молете се за моето бебе“, напиша Сиа на Фејсбук покрај фотографијата на Маја.

Нејзината пријателка започна кампања за собирање средства и за само неколку часа беа собрани речиси 9.000 долари.

Слични вести