„Власта на ДПМНЕ и Мицкоски наместо да спроведува реформи сака да го стави правосудниот систем под нивна контрола и да го користи како алатка за партиски цели. Притисокот врз Судскиот совет е дел од широка стратегија на Мицкоски и ДПМНЕ за целосна партизација на институциите и повторно заробување на судството. Процес којшто е дури и побрутален од времето на режимот на Никола Груевски“ рече меѓу другото на денешната прес-конференција портпаролката на опозициската СДСМ, Богданка Кузеска.
Таа смета дека „Заканите кон судиите и обвинителите сериозно ја загрозуваат независноста на правосудниот систем и тоа носи долгорочни последици и за правниот систем и за демократијата“.
„СДСМ стои зад потребата од реформи во правосудството со вклучување на странски експерти и со меѓународен мониторинг. Овие реформи треба да бидат водени од европските стандарди, а не од партиски агенди на власта“ рече Кузеска.