(ВИДЕО) Кузеска: Мицкоски и Таравари фатени во лаги за паркингот на Клинички центар

by Fokus

„Изјавите на министерот за здравство Таравари и на премерот Мицковски во однос на паркингот на Клинички центар се дефинитивно контрадикторни и се гледа дека оставаат простор, за да бидат поблаги реакциите во јавноста, заради договорот со албанската фирма. Прво, како е можно Таравари да тврди дека договорот ќе биде на 7,8 години и со изговор дека Клиничкиот центар, потоа, нема да биде таму. А, имаме изјава и од премерот Христијан Мицкоски, кој изјави дека нема да има нов Клинички центар“ рече денеска на прес-конференција портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска.

Таа прашува „Дали со ова Таравари се обидува да ја намали штетата, односно да ги ублажи реакциите во јавноста, како што кажав и претходно, а со цел секако, да се оди со овој договор до крај?“.

„Мицкоски, пак, намерно остава простор за потпишување на договорот кога вели, затоа и ќе цитирам да бидеме прецизни: ’Во предвид ја земаме тендерската спецификација и се разбира дека фирма што нема кредибилитет, нема бонитет, ниту технички карактеристики, нема да биде избрана и сето ова тука завршува‘. Дали ова значи дека ако фирмата има бонитет и кредибилитет, овој скандалозен договор треба да се потпише? Зошто Мицкоски тогаш не го отфрли веднаш? Станува збор за договор со којшто 99% проценти од профитот оди за албанската фирма, а 1% за државата. Затоа ние бараме итно објавување на повикот од страна на Министерството за здравство, итно објавување на физибилити студијата за кој е распишан тендерот. Тоа и Мицкоски и Таравари и го должат на јавноста“ порача Кузеска.

Поврзани новости