(ВИДЕО) Куќата во која ќе бидат затворени четири лица за да симулираат живот на Марс

by Fokus

НАСА ја претстави 3-Д печатената просторија од 160 метри квадратни во Тексас, каде што група луѓе ќе се тестираат за „вистинските предизвици“ на идните мисии на Марс. Во оваа куќа четири лица од јуни ќе бидат затворени повеќе од една година за да симулираат живот на Марс.

Затворениот протор се наоѓа во Вселенскиот центар „Џонсон“ во Хјустон, Тексас, САД. Овде, четворица доброволци, членови на екипажот, ќе почнат со подготвки за „Мисија на Марс“, ова лето, преку копнена симулација, помагајќи ѝ така на НАСА да се подготви за истражување со луѓе на Марс.

– Ова е од клучно значење за тестирање решенија кои ги задоволуваат сложените потреби на животот на површината на Марс. Симулациите на Земјата ќе ни помогнат да ги разбереме и одговориме физичките и менталните предизвици со кои ќе се соочат астронаутите, пред тие да заминат, појасни Грејс Даглас, предводничка во научните истражувања на НАСА за напредна технологија за храна.

За време на симулацијата, четворицата луѓе ќе живеат и работат во 3Д-печатен „ИКОН“ модул што вклучува две бањи, вертикална фарма за зелена салата, соба за медицинска нега, простор за релаксација и неколку работни станици.

Доброволците ќе спроведат различни активности типични за една вселенска мисија меѓу кои и симулирани вселенски излегувања или тн. „Марсовски прошетки“ (Marswalks), натаму – роботски операции, одржување на живеалиштето, лична хигиена, телесни вежби и одгледување на културите за исхрана.

Поврзани новости