Терористичката група Хезболах започна голем напад врз Израел. Oд 5 часот наутро по локално време, терористите истрелаа повеќе од 300 ракети и беспилотни летала врз цели во Израел, главно на локации на северот на земјата.
Министерството за одбрана на Израел прогласи вонредна состојба на 48 часа, а сите жители на северот на земјата беа замолени да останат во близина на засолништа.
Засега се чини дека првиот бран напади на Хезболах не предизвикал голема штета – системот за воздушна одбрана „Железна купола“ пресретнал десетици проектили. Сепак, постојат стравувања дека Хезболах го искористи првиот бран на напади со релативно евтини ракети од 122 мм и некои беспилотни летала само за да го испразнат или преплават израелскиот арсенал за воздушна одбрана.
According to reports in #Lebanon, the #IDF has been conducting a pre-emptive strike against #Hezbollah in southern Lebanon for several minutes now.
more than 15 attacks so far.
Huge explosions are heard in Lebanon. https://t.co/4DghwnbQtb pic.twitter.com/bpArgguWu2— Ori Miller🇮🇱 (@orielishamiller) August 25, 2024
Претходно, израелското извидување спречи голем напад врз Тел Авив, израелски воени авиони навреме бомбардираа ракетни локации на Хезболах, соопшти израелското Министерство за одбрана.
Либанската милитантна група Хезболах денеска соопшти дека започнала напад врз Израел како одговор на убиството на главниот командант на Хезболах, Фуад Шукр во предградие на Бејрут минатиот месец, пренесува Ројтерс.
Во соопштението се наведува дека нападот бил извршен со голем број беспилотни летала и проектили, а цел биле специјални воени цели, израелски платформи за противвоздушна одбрана на одбранбениот систем Железна купола и други локации, како и дека целосниот одговор ќе потрае „некое време“.
Израелскиот министер за одбрана Јоав Галант објави дека прогласил вонредна состојба.
Претставник на израелските одбранбени сили, контраадмирал Даниел Хагари, изјави дека израелската војска продолжува да ги спречува нападите на Хезболах врз Израел.
„Ги елиминираме заканите за Израел. Десетици наши воени авиони сега напаѓаат цели во различни области на јужен Либан“, рече Хагари на прес-конференција.
Според него, Хезболах истрелува ракети и беспилотни летала кон Израел, но израелските системи за воздушна одбрана, бродовите на морнарицата и авионите на воздухопловните сили идентификуваат и пресретнуваат напади од целата територија на Либан.