ВИДЕО: Кралот на Шпанија го гаѓаа со кал во Валенсија, маж се обиде да го удри со шипка

by Fokus

Стотици луѓе протестираа против шпанскиот крал Фелипе и кралицата Летиција, како и против премиерот и регионалниот лидер на Валенсија.

Луѓето фрлаа кал и извикуваа „убијци“ додека шефот на државата се обидуваше да оствари официјална посета на една од најтешко погодените општини од смртоносните поплави.


Неговото обезбедување се обидело да го заштити кралот со чадор.

Еден човек го нападнал кралот и другите со шипка. Тој замавна неколку пати, по што го совлада полицаецот.

Но, тоа не беше крајот. Разбеснети луѓе го опколија кралот, додека толпата извикуваше: „Убијци, убијци“.

Сцените од Паипорта открија зголемено чувство на напуштеност кај жителите на опустошените области и широко распространета лутина поради тоа што предупредувањето за останување дома во вторникот дојде дури откако веќе започнаа поплавите.

Официјалната посета се случи во време кога бројот на загинати се искачи на 214, а градоначалниците на погодените општини бараат помош од надлежните.

„Многу сме лути и очајни“, рече Гилермо Лујан, градоначалник на Алдаија. „Имаме град во урнатини. Мораме да почнеме од почеток и барам помош.

Поврзани новости