138
Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Драган Ковачки изјави дека уште минатата година предупредиле дека власта треба да донесе Закон за критична инфраструктура како што е М-НАВ.
„Во врска со објектите како тој на М-НАВ, уште минатата година сме предупредиле дека неспособниве иако се предупредувани 5 години по ред од ЕУ, се’ уште немаат донесено Закон за критична инфраструктура.
Не дека тоа за бандитите од ДУИ нешто ќе значеше и ќе ги спречеше, но барем санкциите после вакви настани ќе беа поголеми (последново секако под услов да имаме слободно ОЈО и Судство)“ порача Ковачки по вчерашниот напад во М-НАВ, кога група од осум лица меѓу кои и Беким Незири, влегоа во кулата за контрола на летање и нападнаа контролори.