(Видео) Ковачевски: Со замрзнување на цените ја преполовивме инфлацијата, со покачување на платите ја заштитивме куповната моќ

by Fokus

Владата продолжува во спроведување на антикризни мерки кои значат заштита на куповната моќ и стандардот на граѓаните, како и преполовување на инфлацијата“, истакна премиерот Ковачевски, одговарајќи на пратеничко прашање во Собранието. Тој истакна дека Северна Македонија останува да биде држава која има најниска основна стапка на ДДВ од 18% и највисоко ниво, односно најдолга листа на повластени производи со 5% од 1.650 производи кои граѓаните ги користат во својата секојдневна употреба.

„Со замрзнувањето на цените, со мерките кои беа преземени овозможивме да ја преполовиме инфлацијата носиме мерки во интерес на сите со цел да последниот месец од годината инфлацијата биде 5% што е остварливо. Со замрзнување на цените на основните прехранбени продукти и нивното намалување преку обезбедување на „гарантирана“ цена на производите, како и со владината одлука за допрецизирање на повластената стапка на ДДВ од 5%, нашата држава останува да биде држава која има најниска основна стапка на ДДВ од 18% и највисоко ниво, односно најдолга листа на повластени производи со 5% од 1.650 производи кои граѓаните ги користат во својата секојдневна употреба. Со овие но и со останатите мерки, очекуваме дека до крајот на годината ќе имаме намалување на инфлацијата на она што е проектирано 5%, коешто ќе претставува четирикратно намалување во однос на она што беше во зимските месеци од изминатата година“, изјави премиерот Ковачевски.

Премиерот нагласи дека Владата освен што обезбедила поддршка за граѓаните и стопанството, таа ги покачила и платите, пензиите со што ја заштитила куповната моќ на граѓаните.

Поврзани новости