ВИДЕО: Ковачевски: Со антиевропска политика Левица го загрозува патот кон ЕУ

by Fokus

Претседателот на СДСМ Димитар Ковачевски денеска во одговор на пратеничко прашање истакна дека ЕУ е единствен концепт и алетрантива која што на нашите ѓраѓани им обезбедува држава, економски просперитетна, држава со социјална правда и држава со владеење на демократијата.

Нашите граѓани тоа го заслужуваат и тоа го сакаат и нашите сегашни и идни генерации заслужуваат да живеат во европска држава, ама европска држава тука дома, а не во европска држава во туѓина. Најголема опасност на тој европски пат е токму вашата партија Левица, која што со својата антиЕУ и антиНАТО реторика, со својата популистичка и пироманска реторика за антизападни интеграции на државата, без при тоа да понуди било каков концепт или алтернативна за државата, преку тој популизам го загрозува европскиот пат на државата и што е уште поопасно е што во тој популизам го имате земено во заложништво и претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, со оглед на тоа дека е слаб, без став и без визија. Затоа гледаме идеолошко обезличување на ВМРО-ДПМНЕ каде на јавна сцена кажуваат дека се континуитет на Ванчо Михајлов, којшто е докажан соработник на фашистичкиот режим, истакна претседателот Ковачевски, во одговор на пратеникот Крмов од Левица.

- Advertisements -

Претседателот Ковачевски нагласи дека граѓаните треба да бидат свесни дека тоа го загрозува европскиот пат на државата и тоа ја загрозува европската иднина и европскиот животен стандард на нивните деца и на нивите внуци.

Но, во државата и овде во Парламентот постојат доминантни политички сили, кои што се прогресивни и кои нема да дозволат вие и вашата партија и вашите коалициони партнери да застанаете на тој пат, порача претседателот на СДСМ Димитар Ковачевски од собраниската говорница во одговор на пратеничко прашање.

Поврзани новости