(Видео) Ковачевски објасни како го добил прекарот: „Син ми почнаа да го викаат мали Таче“

by Fokus

Лидерот на СДСМ Димитар Ковачевски објасни како го добил прекарот Таче. Како што рече, го наследил од неговиот дедо.

„Мојот дедо е Димитар, кој што го викале Таки, и потоа зашто бил прилично мал по раст станал Таче нагалено. Тоа е семеен прекар, вели Ковачевски.

Тој додаде дека и неговиот син почнале да го викаат како него.

„Син ми доаѓа и ми вели „абе тато излегувам од школо, оној докторот, што ти е на тебе пријател, ми вика кај си бе мали Таче“, и вели што е тоа? Епа велам тоа ти е, сега ќе бидеш мали Таче и после некое време ќе станеш Таче, и кога ќе добиеш син, тој ќе биде мали Таче“ раскажа Ковачевски.

Поврзани новости