Хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ беше пречекан со највисоки државни и воени почести пред платото на Владата. Тој беше придружуван од неговиот домаќин премиерот Димитар Ковачевски.
При неговото пристигнување, интонирани беа македонската и хрватската химна.
Пленковиќ во Скопје ќе одржи низа средби со претставници на државниот врв, а ќе се сретне и со лидерот на опозицијата, Христијан Мицкоски.
Во фокус на разговорите ќе бидат евроинтеграциите и текот на преговорите со ЕУ, уставните измени, билатералните односи, унапредување на соработката во областите клучни за напредок во пристапниот процес кон ЕУ, а ќе бидат разгледани и можностите за нови инвестиции.
Хрватскиот премиер утрово беше дочекан на скопскиот аеродром од страна на вицепремиерот за европски прашања, Бојан Маричиќ.