На денешната седница на Анкетната комисија за случајот Онкологија се потврди една работа а тоа е дека целта на ДПМНЕ со Анкетната комисија воопшто не е ништо другo освен да се опструира истрагата и да се пласираат невистини, изјави пратеникот на СДСМ, Ненад Коциќ.
Тој нагласи дека освен манипулирање на јавноста и злоупотреба на случајот, ВМРО-ДПМНЕ нема друга намера.
„Се изведуваат невистини, инсинуации, клевети…се со една цел, создавање страв кај граѓаните и недоверба во институциите.
Очигледно целта на ДПМНЕ не е правда туку манипулација.
Имено, на минатата седница на Анкетна Комисија пратеникот Антонио Милошоски за време на процедурална забелешка прочита одлука на Влада, за која што тврдеше дека станува збор за наводна намера на Владата да дозволи уништување на доказен материјал на Клиниката за онкологија, при тоа наведувајќи свои лични квалификации.
Врз основа на Законот за пристап до информации побаравме и добивме документ за каква одлука се работи. Еве го тој документ. Се работи за одлука за расходување на потрошен и дотраен материјал како што Милошоски лажно тврдеше туку станува збор за медицинска опрема два кревети во вредност од 0 денари, шест столици со вредност 0 денари, медицински апарат 0, медицински апарат 0 денари и уште еден медицински апарат 0 денари. Значи не се работи за уништување доказен материјал туку за избор на фирма која би добила тендер за уништување отпад“ обвини Коциќ.