(Видео) Костовски: Убиство во Србија-дрога во Албанија, со што се поврзани роднините на Томовски од скандалот во СОЗР?

by Fokus

Денеска ќе објавиме нови информации за последниот скандал на власта на ДПМНЕ со тендерот од 3,5 милиони евра во СОЗР поврзан со роднини на директорот Ивица Томовски, изјави Мартин Костовски, организациски секретар на СДСМ.

„За какви луѓе станува збор? Го повикуваме Томовски да излезе пред граѓаните и да одговори. Дали лицето Дарко Гашиќ, негов роднина, кој има регистриано фрима на иста адреса со подружницата на „Праеторион ДООЕЛ“ во Охрид, имал проблеми со законите во соседна Србија? Дали неговиот роднина, Дарко Гашиќ бил упасен во Србија, заедно со уште 9 други лица, осомничени дека извршиле убиство? Дали Гашиќ викан Праки учествувал во крвава пресметка меѓу две криминални банди во Белгард на 10 ноември 2008 година која резултирала со двајца загинати? Дали неговиот роднина Власе Танаскоски, кој ја раководи подружницата на „Праеториан ДООЕЛ“ во Охрид лежел во затвор во Албанија заради трговија со дрога?Дали овие денови во Калишта Танаскоски организирал ручек на којшто присуствувал и министерот Панче Тошковски?

И конечно, дали е ова обид за создавање на нова СГС агенција на ДПМНЕ каде ќе со партиски рекетари и бандити ќе се контролираат држаните институции и ќе се перат пари? Исто како во време на режимот“ прашува Костовски.

Ова, според Костовски е голем скандал. Прво, како што вели, поради коруптивната мрежа на ДПМНЕ за злоупотребата на власта и испумпување на парите на граѓаните преку тендри вредни милионски суми. А второ поради основаната поврзаност со криминални шеми и криминални ликови кои имале сериозни проблеми со законите во соседни држави.

„СДСМ бара: Итна истрага од надлежните институции и постапување на Јавното обвинителство и Антикорупциската комисија за овој скандалозен тендер вреден 3,5 милиони евра. Владата да го разреши Томовски од функцијата додека трае истрагата.

Ова е уште еден доказ за корупцијата која владее во редовите на ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ ќе продолжи да се бори за правда, транспарентност и институции кои работат во интерес на граѓаните!“ порача Костовски.

Поврзани новости