Пратеникот на СДСМ, Мартин Костовски и пратеникот од Левица, Димитар Апасиев попладнево за малку ќе се степаа во Собранието на седницата за Информацијата за содржината на Предлог преговарачката рамка за пристапните преговори на Македонија со Европската Унија, предложена од страна на Претседателството на Франција со Советот на ЕУ.
На снимката којашто ја објави Алсат се гледа дека додека Апасиев излегува на говорница Костовски нешто му дофрлува и го допира, а тој избувнува и го прашува што сака.
Двајцата се затуркуваат, но веднаш реагира потпретседателот на Собранието, Горан Мисовски кој го смирува Апасиев и пратеникот од ДУИ, Арбер Адеми кој го смирува Костовски.
Апасиев кога излезе на говорница му порача на Џафери да не му се случи да го опоменува со прст, но и Џафери не му остана должен, па му порача да не му мавта со прст за да не му биде скршен.
Видеото на овој линк