Нема крај на лошите изданија на Манчестер Јунајтед, кој игра очајно од коло во коло – „ѓаволите“ денеска загубија во 22. коло од Премиер лигата на домашен терен од Брајтон (3:1), па и по денешното коло остануваат во долниот дел од табелата.
Од друга страна, Брајтон денеска ја забележа шестата победа во последните седум натпревари против Јунајтед, а третпат во низа славеше на „Олд Трафорд“.
Кошмарното попладне на Јунајтед беше најавено веќе во петтата минута – Балеба испрати долга топка до Митома, кој му асистираше на Минте, а фудбалерот од Гамбија ја затресе мрежата.
Одговорот на Јунајтед дојде во 23. минута, кога Фернандеш израмни од пенал, а потоа следеше потоп во вториот дел.
Брајтон постигна гол во 53. минута, но голот на Жоао Педро беше поништен поради прекршок, а во 60. минута Митома упати центаршут и асистенцијата на Минте ја претвори во гол.
Конечниот резултат го постави Ратер по очајната реакција на Онана.
Нотингем Форест и Евертон победија. Форест на домашен терен го совлада Саутемптон со 3:2, додека „бонбоните“ на „Гудисон“ беа подобри од Тотенхем – 3:2.