439
фото: Катимерини
Во неколку наврати демонстрантите се судрија со полицијата на денешните протести во Грција против договорот за името, но демонстрациите поминаат без тешки последици.
Учениците од средните учиште протестираа денеска во Атина и Солун поради договорот од Преспа. Во двата града се одржаа и контрапротести на ученици кои се против политизирање на училиштата.
Забележливо беше дека протестот на тинјџерите во Солун го предводеше момче на коњ, покриен со грчкото знаме.
Грчките власти обвинуваат дека зад протестите стои десничарската „Златна зора“, која се уште се нема огласено околу ова.
Демонстрантите во Солун прошетаат низ улиците и со себе носеа транспаренти против Македонија, но и против Албанија.