763
Фотографии и видео за загадување од оџаците на РЕК Битола објави лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на социјалните мрежи.
-РЕК Битола денес/деновиве. Кој ќе одговара кривично за овој ЕКОцид? Ајде колега Тупанчевски да го видиме на дело вашиот предлог како ќе функционира…, напиша Мицкоски на социјалните мрежи.
Министерот за правда, Никола Тупанчевски најави дека со измените на кривичниот закони ќе се воведе кривичното дело Екоцид за што минималната казна ќе биде 4 години, без предвиден законски максимум.