(ВИДЕО) Идентификуван е „касапот од Буча“

by Фокус

Почна „ловот на месарот од Буча“, ветеран за кој постои основано сомневање дека е одговорен за ужасни и масовни злосторства во предградијата на украинската престолнина Киев, јавуваат украинските разузнавачки служби.

Осомничениот за масовните злосторства врз цивилите во Буча е идентификуван од украинските разузнавачки служби во синергија со „Информнапалм“, волонтерска иницијатива која ги следи активностите на руската армија и специјалните служби.

Станува збор за потполковник Азатбек Омурбеков, командант на 64-та руска моторизирана бригада, која беше вклучена во окупацијата на Буча, град на околу 40 километри од центарот на Киев.

Руските трупи под негова команда убиваа цивили од куќа до куќа, а имаше извештаи за брутални силувања на жени и деца.

Поврзани новости