Во текот на вчерашниот ден од страна на ЈП „Градски гробишта“ против советникот во Советот на Општина Охрид и претседател на ВМРО НП, Ванчо Костоски како претходен директор на ЈП „Градски гробишта“, врз основа на ЗКП на Република Македонија поднесена е кривична пријава до ОЈО Охрид и СВР Охрид, поради основано сомнение дека пријавениот сторил кривично дело согласно чл. 353 од КЗ на Република Македонија „злоупотреба службена положба и овластување.
Костоски како директор на ЈП „Градски гробишта“ во повеќе наврати со склучување на договори за давање на 8 (осум) гробни места под старателство со трговско друштво ИВИРЕ ДООЕЛ од с. Лескоец, во 2019 година му овозможил да стекне противправна имотна корист на наведеното друштво, притоа нанесувајќи штета на претпријатието со кое раководел. Со вака овозможеното добивање старателство на гробните места на правното лице ИВИРЕ ДООЕЛ му се пружила можност да истите ги препродава, односно да ги отстапува за финансиски надомест кој согласно сознанијата кои ги имаме е многу повисок од оној по која цена стопанисува ЈП „Градски гробишта“, а истовремено овозможено му е на правното лице и да ги подарува истите, секако како би се избегнале било какви трансакции согласно законот за платен промет.
За овие незаконски дејствија постои документацијата од која јасно може да се утврди претходно наведеното и очекуваме во најскоро време да биде постапено по истата. Покрај ОЈО Охрид го повикуваме и началникот на Економски криминал во СВР Охрид Сашо Јанкоски, кој незаконски е поставен на тоа место во СВР Охрид без да ги исполнува условите согласно Законот за внатрешни работи и за кого во текот на вчерашниот ден слушнавме како ги партизирал институциите со негови блиски луѓе како благодарност за послушноста спрема Зечевиќ, наместо да се занимава со правење измислени оперативни извештаи лично да ја земе и сработи оваа кривична пријава.
Исто така, ги повикувам и инспекторите во Економски криминал при СВР Охрид, да не подлегнуваат на притисокот од криминално поставениот началник, и да не се потпишуваат на неосновани кривични пријави само со цел да се наштети на лица кои не припаѓаат на криминалната структура на СДС, затоа што за секоја неоснована пријава поднесена од криминално поставениот началник ќе дојде време за одговорност.