(Видео) Кинескиот претседател пристигна во САД, ќе се сретне со Бајден

by Fokus

Кинескиот претседател Си Џинпинг денеска пристигна во Сан Франциско, каде ќе учествува на состанокот на Азиско-пацифичката економска соработка (APEC) и ќе се сретне со американскиот претседател Џо Бајден.

Ова е прва посета на Си на САД од 2017 година, кога републиканскиот претседател Доналд Трамп беше во Белата куќа. Си ќе се сретне со Бајден утринава на непозната локација во пошироката област на Сан Франциско.

Тоа ќе биде прва билатерална средба меѓу двајцата лидери по една година.

Поврзани новости