Кинеската национална вселенска агенција објави ново видео како возилото се движи во подрачјето наречено Утопија Планитија, конкретно барајќи вода или мраз што би можеле да дадат трага за тоа дали некогаш постоел живот на Марс… Роверот се придвижил 236 метри за време на 42 сола.
Солот означува ден на Марс, што е долг 24 часа, 39 минути и 35 секунди.
Huge Zhurong update: Here's full footage of the Zhurong rover's EDL, showing parachute deployment, backshell separation, and landing, including very cool hover during hazard avoidance phase. [CNSA/PEC] pic.twitter.com/iWUXrFKf40
— Andrew Jones (@AJ_FI) June 27, 2021
„Леталото и роверот се во добра оперативна состојба, тие испраќаат податоци од Марс“, соопшти Агенцијата.
Кина е втора земја што слета и управува со вселенско возило на Марс, после САД. Поранешниот СССР слета на Црвената планета во 1971 година, но ја изгуби комуникацијата со уредот по неколку секунди.