495
Севернокорејскиот лидер Ким Јонг Ун по првата средба со јужнокорејскиот колега, си замина во црна лимузина покрај која трчаа неговите телохранители.
На социјалните мрежи е објавена снимка на која се гледа како 12 телохранители во костуми трчаат покрај возилото во кое се наоѓа Ким Јонг Ун.
Ким и Мун ја завршија утринската сесија од историската средба, а за попладне е планиран нов состанок.
Ким Јонг Ун стана првиот севернокорејски лидер кој стапнал во Јужна Кореја откако полуостровот беше поделен со граѓанската војна од 1953 година.