(Видео) Километарски колони од евакуацијата на луѓето заглавени во кал на музичкиот фестивал во Невада

by Fokus

На посетителите на фестивалот Брнинг мен, кој се одржува во американската држава Невада, кои по обилните дождови беа заглавени во лизгаво поле со кал, доволено им е да се евакуираат, јави Би-би-си.

Претходно на над 70.000 посетители им беше забрането да го напуштат фестивалскиот простор, бидејќи спасувачките екипи не можеле да стигнат до заглавените.

Во текот на вчерашниот ден организаторите на популарната манифестација ја отворија рутата, па посетителите побрзаа да се вратат дома. Се создаде долга колона возила, а многумина тргнаа пеш.

На социјалните мрежи се појавија невообичаени снимки, а луѓето мораа да поминат осум километри преку земјена патека за да стигнат до автопатот, пренесува Ројтерс.

Поради неверојатната гужва и постојаниот метеж, им требаа најмалку пет и пол часа!

Поврзани новости