Луис Мануел Диаз, таткото на фудбалерот на Ливерпул – Луис Диаз е ослободен по драмата која се случуваше минативе денови, потврдија од Колумбиската фудбалска асоцијација.
„Колумбиската фудбалска федерација им се заблагодарува на Националната влада, воените сили и националната полиција, како и на сите институции и функционери кои го овозможија ослободувањето на Луис Мануел Диаз. Фудбалот како спорт симболизира талент, посветеност, тимска работа и унитарни човечки вредности. Во Колумбија фудбалот мора да продолжи да биде репер за забава, здрава конкуренција, единство и радост“ – соопштија од Колумбиската федерација.
🚨🚨| BREAKING: Luis Diaz’s father, Manuel Diaz, has been released.
[@VickyDavilaH] pic.twitter.com/MFpag4O3vs
— CentreGoals. (@centregoals) November 9, 2023
Пред десет дена во Колумбија беа киднапирани таткото и мајката на Луис Диаз. Истиот ден беше пронајдена и ослободена мајката на фудбалерот, а потоа продолжија преговорите со киднаперите за ослободување и на неговиот татко.
Колумбиските медиуми објавија и снимки од киднапирањето на кои се гледаат вооружени напаѓачи на мотоцикли и возилото во кое наводно се наоѓаат родителите на Диаз:
Se conocen las primeras imágenes del vehículo en el que se movilizaban los papás de Luis Díaz y los presuntos secuestradores en moto. https://t.co/if1kX8q65f pic.twitter.com/sl6mlfV0Qa
— Revista Semana (@RevistaSemana) October 29, 2023